17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНаучниците советуваат: Не се трудете премногу на работа, тоа никој не го...

Научниците советуваат: Не се трудете премногу на работа, тоа никој не го цени

15075815835392ea315168b642973269_orig

Давате 100 проценти од себе, ја работите работата на другите и останувате подолго на работа, а тоа никој не го приметува?

Можеби би требало да престанете со тоа бидејќи неодамнешното истражување покажа дека тоа веќе никој не го приметува и не го цени.

Ова истражување е објавено во магазинот „Social Psychological and Personality Science“, а го спроведоа двајца научници од Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот во Чикаго.

Тие ги запрашале испитаниците како би реагирале на три вида ветувања: на оние кои не се извршени, на оние кои се извршени и оние кои се исполнети без некои преголеми очекувања.

Се покажало дека неисполнувањето на ветувањата доведува до вознемиреност, а од друга страна дека исполнувањето на повеќе од очекуваното не предизвикува речиси никакви дополнителни реакции.

Со други зборови, кај таквите ситуации не е забележана речиси никаква промена во количината на задоволството, што значи дека луѓето не се грижат премногу за тоа.

„Тоа не води до тоа да се запрашаме зошто понекогаш толку се трудиме. Затоа најдобро е ништо да не ветуваме, најавуваме или работиме претходно, а подоцна да ги изненадиме луѓето со нашиот труд“, се вели во заклучокот на истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП