3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИвановски на Светскиот самит за информатичко општество во Женева

Ивановски на Светскиот самит за информатичко општество во Женева

ivo-ivanov

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски од денеска до 13 јуни ќе учествува на Светскиот самит за информатичко општество што ќе се одржи во Женева, на покана на генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ), Хамадун Туре.

Се очекува да бидат усвоени два документа, кои ќе се однесуваат на спроведувањето на резултатите од самитот.

На самитот чиј домаќин е Меѓународната телекомуникациска унија, а меѓу другите поддржани од УНЕСКО, УНДП, Конференцијата на Обединетите Нации за трговија и развој (УНСЦТАД), ќе учествуваат претставници на владини институции, приватниот сектор, невладини и меѓународни организации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП