29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСостојбата во преработувачките компании поповолна во однос на претходниот месец

Состојбата во преработувачките компании поповолна во однос на претходниот месец

Анкетата на Државниот завод за статистика, која редовно се спроведува помеѓу раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија, покажа дека состојбата во компаниите од преработувачката индустрија во ноември е подобрена во однос на претходниот месец, но влошена во споредба со истиот месец минатата година.

Директорите на деловните субјекти во преработувачката индустрија, оцениле дека очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во ноември 2012 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во ноември 2012 година се зголемени во споредба со претходниот месец.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември годинава, изнесува 59,4 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 23,7 проценти, недоволната домашна побарувачка со 16,5 проценти, финансиските проблеми со 13,8 проценти и конкурентниот увоз со 8,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП