22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на странските инвестиции во Романија и Бугарија во 2013 година

Раст на странските инвестиции во Романија и Бугарија во 2013 година

bugarija romania eu

Романија и Бугарија се единствените земји меѓу „новите членки“ на ЕУ во кои е забележан раст на директните странски инвестиции во текот на 2013 година, се наведува во Анализа на виенскиот Институт за меѓународни економски истражувања.

Според Институтот, Романија е вистински рекордер со раст на странските инвестиции за 27,4 проценти на околу 2,7 милијарди евра, додека вложувањата од странство во Бугарија лани се зголемиле за 2,1 отсто на 1,09 милијарди евра.

Од друга страна, во сите останати држави што се приклучија кон ЕУ од 2004 година забележано е намалување на странските инвестиции, при што најдраматичен пад бележат Полска и Словачка од 92,6, односно 79,8 отсто.

Експертите на виенскиот Институт очекуваат во текот на 2014 година да дојде да раст на странските инвестиции во сите „нови членки на ЕУ“, со исклучок на Бугарија и балтичките земји, за кои се очекува нивно задржување околку ланското ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП