
Глобалната продажба на американскиот ланец ресторани за брзa храна „McDonald’s“ порасна во мај за 0,9 проценти, благодарение на закрепнувањето на работењето во Кина.


Глобалната продажба на американскиот ланец ресторани за брзa храна „McDonald’s“ порасна во мај за 0,9 проценти, благодарение на закрепнувањето на работењето во Кина.
Продажбата во Азија, на Блискиот Исток и Африка е зголемена за 2,5 проценти, пред се благодарение на успехот во Кина и другите азиски пазари, пренесува агенцијата АП.
Во Америка продажбата во рестораните, кои се отворени најмалку 14 месеци, е намалена за еден процент. „McDonald’s“ веќе долго време со соочува со зајакнувањето на конкуренцијата како што е „Burger King“, коj го модернизираше своето мени и го засили маркетингот.
Во Европа, најголемиот пазар на популарниот „McDonald’s“, продажбата е зголемена за 0,4 проценти, најголем дел благодарение на успешното работење во Британија и Франција.