4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на португалскиот БДП

Пад на португалскиот БДП

portugalijaportugal1

Португалскиот БДП во првиот квартал од оваа година е намален за 0,6 проценти во однос на претходниот квартал, соопшти Националниот завод за статистика ИНЕ.

До намалување на БДП дошло поради падот на извозот и намалувањето на инвестициите.

Во последниот квартал од 2013 година БДП на Португалија забележа раст од 0,5 проценти.

Во извештајот се наведува дека во првите три месеци од оваа година дошло до изненадувачко економско забавување, по закрепнувањето во пролетта 2013 година, пренесува АФП.

На меѓугодишно ниво, Португалија сепак во првите три месеци од оваа година бележи раст на економијата од 1,2 проценти, додека во последниот квартал од 2013 година имаше раст на годишно ниво од 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП