2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија летово очекува 3,5 милиони туристи

Албанија летово очекува 3,5 милиони туристи

58411-jonufer-beach-vlore-albania

За време на овогодишната туристичка сезона Албанија очекува да ја посетат од три до три и пол милиони домашни и странски туристи.

Ваквите очекувања, како што јави дописникот на МИА, ги изнесе албанскиот министер за внатрешни работи Симир Тахири презентирајќи ги мерките кои полицијата ќе ги преземе за време на летната туристичка сезона.

Најголемиот бран туристи се очекува од 1 јули до 15 август, период кога полициските структури ќе бидат насочени кон гаранција на јавниот ред и мир и спречување на кривични дела во туристичките подрачја, зголемување на безбедноста на сите патни правци и спречување на сообраќајни несреќи. Според планот на Министертвото за внатрешни работи ќе бидат ангажирани 2.388 припадници на полицијата, пловни објекти и еден хеликоптер, изјави Тахири.

Заради поголема безбедност во собраќајот, веќе четврта година по ред во северниот дел наземјата, главно по автопатот Драч-Кукс, по кој патуваат косовските граѓани, од 15 јуни до 15септември патролираат заеднички албанско-косовски полициски патроли, додека во договор со Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, заеднички патроли веќе две години има на крајбрежјата на двете земји.

Најави од пред две години има и за заеднички албанско-македонски полициски патроли на албанското крајбрежје, но засега тоа не е реалзиирано.

Како и изминатите години најпосетени се очекува да бидат Драч, Валона, Химара, Саранда,Шенѓин и Каваја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП