24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанската Централна банка ја сведе основната каматна стапка на историски минимум

Албанската Централна банка ја сведе основната каматна стапка на историски минимум

alb

Централната банка на Албанија одлучи да ја намали својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени, што е второ нејзино намалување оваа година.

Со последното намалување, како што јави дописникот на МИА, основната каматна стапка на Банката сега изнесува 2,50 отсто, што претставува историски најмало ниво.

Како што соопшти гувернерот на Банката, Ардијан Фулани, при презентирањето на нејзиниот месечен извештај за монетарната политика, намалувањето на основната каматна стапка создава поповолни монетарни услови за враќање на инфлацијата на определеното ниво на среден рок.

– Оваа мерка е во интерес на поттикнување на домашните инвестиции со користење на производните стопански капацитети. Очекуваме таа да придонесе во брзо враќање на инфлацијата на ниво од три отсто, како и што планираше Централна банка на Албанија, изјави Фулани.

Ова е вор ваков чекор на Банката годинава. За исто толкав процент каматната стапка беше намелана на претпоследниот ден од февруари, а за 0,25 процентни поени таа беше намалена и на крајот на декември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП