
Јапонски „Nissan“ потврди дека овој месец ќе пласира на пазарот уште едно електрично возило.


Јапонски „Nissan“ потврди дека овој месец ќе пласира на пазарот уште едно електрично возило.
Од компанијата покажаа дека се подготвени да издржат во намерата да развијат технологија и покрај тоа што растот на пазарот е значително побавен од оној кој е најавен како „електричен бум“.
Продажбата на новиот електричен „Nissan“, под ознаката „e-NV200“, во Европа ќе започне веќе во текот на јуни, а во Јапонија во октомври, прецизираше вториот поголемина јапонски производител на возила.
Станува збор за второто од вкупно четири електрични автомобили кое оваа групација има намера да го лансира до март 2017-та, истакнуваат во компанијата не наведувајќи ги продажните цели за моделот „e-NV200“.
Иако продажбата на моделот „Leaf“, лансиран во декември 2010-та прогресивно расте, за три години 70 проценти или 52.000 единици, во текот на последната фискална година, таа започна за забавува.
Според првичните прогнози, продажбата на електрични возила на алијансата „Renault-Nissan“ до март 2017-та би требало да достигне 1.5 милиони единици, што сега е под знак прашалник, затоа што потрошувачите се обесхрабрени од должината на автономијата на движење на овие возила и релативно малиот број на станици за полнење.