26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаматните стапки во Италија најниски од 2011 година

Каматните стапки во Италија најниски од 2011 година

tricoloreitalianflag

Каматните стапки во Италија денес продолжија да се намалуваат, што укажува на зајакнување на довербата во економијата на оваа земја.

Исто така, разликата меѓу стапката на италијанските десетгодишни обврзници и нивниот германски еквивалент продолжува да се намалува, паѓајќи на 136,5 поени на почетокот на неделното тргување.

Разликата меѓу приносите на италијанските и германските обврзници, кои се земаат како репер во еврозоната,  претходно во петок беше намалена на 140 поени, пренесува италијанската агенција АНСА.

Разликата меѓу каматните стапки е важно мерило за довербата на инвеститорите во Италија, која на крајот на 2012 беше на работ на финансиската криза, а разликата меѓу приносот на обврзниците на Рим и Берлин надминуваше 500 поени, со каматни стапки над седум проценти.

Приносите на десетгодишните државни должнички хартии денес се намалија на 2,72 од 2,77 проценти, колку што изнесуваа во петокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП