3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААбдула Ѓул и Хасан Рохани се договорија за зголемување на билатералната трговија

Абдула Ѓул и Хасан Рохани се договорија за зголемување на билатералната трговија

gul roksani

Претседателите на Турција и на Иран, Абдула Ѓул и Хасан Рохани денеска соопштија дека се договориле да ги интензивираат напорите за двојно зголемување на билатералната трговија, јави ИТАР-ТАСС.

„Ги разгледавме прашањата поврзани со економската соработка меѓу нашите земји и донесовме одлука да ги активираме трговските односи за двојно да се зголеми билатералната трговија и да достигне 30 милијарди долари годишно. Развојот на билатералните односи ќе биде од корист не само за нас, туку и за целиот регион“, рече Рохани на заедничката прес-конференцијата со Ѓул во Анкара.

Ѓул од своја страна изјави дека се надева оти ќе се зголемат турските инвестиции во Иран, а за тоа ќе помогнат и спогодбите и протоколите потпишани денеска меѓу повеќе министерства од двете земји.

Двајцата претседатели посочија дека разговарале и за прашања поврзани со борбата против тероризмот и екстремизмот во регионот.

„Иран и Турција засилено работат во однос на борбата против тероризмот. Во нашиот регион има нестабилност и таа не е од корист за никого. Ќе направиме се што е во нашите сили за да има мир и стабилност в региона“, рече Рохани.

Двајцата претседатели ја разгледале и ситуацијата во Египет и Сирија и го изразиле своето генерално убедување дека е многу важно во овие земји да се поврати безбедноста и стабилноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП