9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКој вели дека е лесно да си богат?

Кој вели дека е лесно да си богат?

alibaba bogat

Кинеската интернет компанија „Alibaba“ се подготвува за долгоочекуваната, најголема јавна понуда на акции во технолошкиот сектор.

Компанијата веќе подолго време спроведува психолошки советувања со своите работници, кои заедно поседуваат акции вредни околу 41 милијарда долари, а со кои ќе можат да заработат веднаш кога компанијата ќе излезе на берза.

Според анкетата која „Ројтерс“ ја спроведе меѓу 25 аналитичари, вредноста на „Alibabа“ би можела по понудата на акциите да достигне 152 милијарди долари. Акции не добија само менаџерите, туку и софтверските работници и остатокот од персоналот.

Како што јавува „Ројтерс“, идните богаташи имаат разни планови. Некои по автомобилските салони во Хангжоу се распрашувале за купување на луксузни автомобили во портокалова боја, која е заштитен знак на „Alibabа“, други парите ќе ги вложат во акции и недвижнини во САД, додека дел од нив ќе ја реинвестираат својата добивка во нови компании во Кина.

Раководството на „Alibabа“ веќе со години ги подготвува своите работници како да се справат со големите износи на пари кои ќе ги заработат, предупредувајќи ги да не се залетуваат и да не ги потрошат само на материјални добра.

Бројот на вработени кои се сопственици на акции и поединечни пакети се тајни податоци кои од „Alibabа“ несакаат да ги откријат, но се претпоставува дека има многу.

Дел од 20.000 вработени веќе имаа можност да продадат дел од својот удел во компанијата во текот на претходната програма за продажба. Така вработените може да помал дел од своето портфолио и да го почуствуваат богатството кое ги очекува.

„Размисливме за тоа дека изненадувачкото богатсто е како змиски отров, па со давање на повремени „мали дози“ го постигнавме ефектот кој го има вакцината, па нашата компанија нема да се најде во хаос по наплатата на акциите на работниците“, вели за „Ројтерс“ еден од луѓето кои го креираа системот за надоградувања во „Alibabа“, кој сакаше да остане анонимен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП