5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВеро Центар и оваа година дел од Баскерфест

Веро Центар и оваа година дел од Баскерфест

vero-centar

Од 6 до 15 јуни Веро центарот ќе биде дел од најголемиот и единствен интернационалн фестивал на улични артисти во Македонија Баскерфест.

Оваа година официјалното отворање sе случи во рамките на Веро Центарот на 6 јуни, петок со почеток во 19 часот, со настап на групта Barbarossa Samba Group кои доаѓаат од Романија.

Секој ден од 17 до 22 часот во времетрањето на Баскерфест, на градскиот плоштад во Скопје, Веро Центар ќе организира забавни и наградни игри. Добитниците ќе можат во Веро Центарот со сметка над 300 денари да си го подигнат својот подарок. Наградите ќе се подигнуваат од 6 до 20 јуни 2014 година.

И оваа година Веро Центарот ќе биде дел од најголемиот мултикултурен уличен фестивал кој ја збогатува културната и забавната содржина на Скопје. Оваа година покрај настаните и изведбите на уличните артисти кои се предвидени во рамките на Веро Центарот ја имавме честа церемонијалното отворање да се случи токму кај нас што верувампретставуваше огромна радост за сите посетители. Ви ветуваме одлична забава која овој пат се однесува на сите возрати“, изјави Влатко Величков, маркетинг директор во Веро.

Веро Центарот веќе 4-тагодина по ред е пријател и поддржувач на оваа манифестација која прерасна во долгогодишна традиција и е интересен не само за граѓаните од Скопје и Македонија, туку и за граѓаните од соседните земји.

baskerfest

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП