4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија дури има и суфицит

Словенија дури има и суфицит

moneygrouitle4546464

Словенечкиот извоз во април продолжи да расте, додека увозот беше во пад, покажаа денес официјалните податоци во Љубљана.

Извозот во април порасна за 2,2 проценти на годишно ниво на 1,95 милијарди евра, додека увозот истовремено е намален за 0,5 проценти на 1,89 милијарди, што доведе до трговски суфицит од 63,5 милиони евра, наведува словенечкиот Завод за статистика, пренесува агенцијата СТА.

Покриеноста на увозот со извозот изнесуваше 103,3 проценти, додава Заводот. Извозот на пазарите во ЕУ порасна за 3,3 проценти на годишно ниво на 1,46 милијарди евра, а увозот од тие пазари е намален за еден процент на 1,48 милијарди. Трговијата со ЕУ изнесува околу три четвртини од вкупната словенечка трговија со странство.

Извозот во земјите надвор од ЕУ е намален за еден процент на 489,5 милиони евра, а увозот од тие земји порасна за 1,2 проценти на 411,2 милиони.

Во три месеци заклучно со април, словенечкиот извоз е зголемен за 5,4 проценти на годишно ниво на 7,55 милијарди евра, а увозот е намален за 0,9 проценти на 7,33 милијарди, со трговски суфицит од 216,9 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП