КОМПАНИИ

Michelin ја купува бразилската компанија Sascar

sascar12

Францускиот производител на автомобилски гуми „Michelin“ има во план да ја откупи компанијата „Sascar“, бразилскиот лидер во дигиталното управување со флоти и безбедност на транспорт на стока.

Ваквата одлука на „Michelin“ е со цел да ја подобри својата понуда на услуги за превозниците и да го забрза растот на бразилскиот пазар.

Вредноста на оваа бразилска компанија е проценета на 1.6 милиони реали, што е околу 520 милиони евра, колку што чини вредноста на аквизицијата од 1.35 милиони реали (440 милиони евра), како и долгот во износ од 247 милиони реали (80 милиони евра), прецизираше француската компанија во соопштение.

„Sasсar“ во минатата година оствари приходи во износ од 280 милиони реали и просечна стапка на раст од 16 проценти во последните три години.