4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОгромен раст на кинескиот трговски суфицит

Огромен раст на кинескиот трговски суфицит

kina5

Кинескиот надворешно-трговски суфицит во мај скокнa за речиси 75 проценти во однос на истиот месец минатата година, на 35,92 милијарди долари.

Огромниот раст е резултат на растот на извозот и падот на увозот и значително е повисок од просечната прогноза на аналитичарите, покажуваат официјалните податоци.

Извозот на втората најсилна светска економија во мај се зголеми за седум проценти, на 195,47 милијарди долари, додека увозот е намален за 1,6 проценти на 159,55 милијарди долари, спротивно на очекувањата на експертите кои предвидуваа раст на увозот од 6,0 проценти, пренесува Ројтерс.

Исто така, износот на суфицитот е значително поголем од оној кој го прогнозираа аналитичарите (23,4 милијарди долари).

Според оценката на економистите на банката ANZ, оваа бројка ќе ги зајакне критиките кои САД ги упатува до кинеската монетарна политика, сметајќи дека Кина ја држи својата валута на вештачки ниско ниво со цел да го зголеми извозот.

Износот на кинескиот надворешно-трговски суфицит во првиот квартал оваа година остана сепак скромен, со изненадувачкиот дефицит од 23 милијарди долари во февруари, што се случи за прв пат во последните 11 месеци, а што се објаснува како последица на кинеската лунарна Нова Година.

Што се однесува на надворешната трговија, владата во Пекинг особено смета на земјите во развој, особено на оние од Латинска Америка и Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП