28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдличен деловен, но лош политички потег

Одличен деловен, но лош политички потег

Petro Poroshenko, 'Chocolate King', Ukrainian MP and backer of the Euromaiodan protests in Kiev

Новоизбраниот претседател на Украина Петар Порошенко веднаш по завршувањето на изборите ја купи киевската Фабрика за експериментални изработки, што аналитичарите го оценија како одличен деловен, но многу лош политички потег.

За време на судирот во Украина секој ден се рушеа згради и патишта, па купувањето на претпријатие од областа на градежништвото може да се смета за успешна инвестиција.

Во прес-службата на укрианскиот претседател соопштија дека Порошенко, всушност, не ја купил фабриката туку добил дозвола за работа.

Наводно, барањето било поднесено до Антимонополската комисија пред претседателската кампања.

Критичарите за ваквиот потег на Порошенко, кој е еден од најбогатите Украинци и крал на чоколадите, наведуваат дека по изборите тој би можел и би требало да се откаже од оваа инвестиција.

Пред изборите, „чоколадниот магнат“ вети дека ќе ги продаде своите средства и ќе се грижи за доброто на Украина.

Дел од земјата е во оган, а претседателската компанија би можела подоцна да заработува од поправката на инфраструктурата – коментираат медиумите од Западот и Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП