17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСолиден раст на вработувањата во САД

Солиден раст на вработувањата во САД

sad13

Во САД во мај се отворени 217,000 нови работни места, помалку во однос на претходниот месец, но и повеќе во однос на просекот во оваа година од 214,000 лица.

Стапката на невработеност мируваше на 6,3 проценти, наведува министерството, пренесува агенцијата АП.

Економистите на агенцијата „FactSet“ очекуваа 220,000 нови работни места во мај, помалку од априлските 288,000 лица, што е најдобриот резултат во последните две години.

Американската економија во првите три месеци од 2014 година потона за еден процент, делумно поради острата зима која доведе до пад на фабричкото производство и ги држеше купувачите подалеку од продавниците. Негативниот економски раст од првиот квартал е прв во последните три години.

Економистите за вториот квартал прогнозираат раст од три до 3,5 проценти, како и над три проценти во останатиот дел од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП