8 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе повеќе докази за закрепнувањето на Шпанија

Се повеќе докази за закрепнувањето на Шпанија

shpanija3

Шпанските фабрики во април евидентирале највисоко ниво на производство во последните четири години, покажаа денес официјалните податоци во Мадрид.

Тоа е нов позитивен сигнал во време на бавното економско закрепнување.

Индустриското производство во април порасна за 4,3 проценти на годишно ниво и тоа е најголемиот раст од март 2010 година, наведува шпанскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Четвртата по големина економија во еврозоната шест месеци по ред бележи раст на индустриското производство.

Шпанија на средината на минатата година се извлече од петгодишната рецесија, но сеуште не успева да се избори со високата невработеност која во моментов изнесува 25,93 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП