4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТајната земја на какаото, кафето и нафтата

Тајната земја на какаото, кафето и нафтата

ghana-kakao

Денешна Гана повторно ужива големо внимание од западните и другите светски економии.

Покрај тоа, таа земја со големината колку Романија, кој се наоѓа во Западна Африка во Гвинејскиот Залив, денес ужива репутација на најдобар ученик за демократско-пазарна ориентација и темелна стабилност на Западна Африка.

Повеќето инвестициски анализи го охрабруваат инвестирањето таму, а многу од оние коивеќе имаат бизнис таму, особено кондиторските индустрии кои набавуваат какао таму, тврдат дека производителите на какао во Гана се познати како најсигурни партнери. Точно е тоа дека Гана не е имун на африканските проблеми, корупцијата и насилството, дека има големи социјални проблеми, како и тоа дека треба постојано да се грижи дека политичките и воено нерасположение во соседството нема да се пресели на нејзина територија.

Од една страна е тринаесетта во светот според проценетиот раст од 7,9 за 2013 година, а од друга страна е на ниска скала со 11 проценти невработеност, односно 28 отсто од населението живее во сиромаштија.

Стабилна влада

Сепак, во споредба со своите соседи, Гана е една од ретките во која на избори се се одвива непречено и демократски, каде судовите ги решаваат споровите, не вооружените фракции. Затоа, стабилната влада (која на крајот предизвика оптимизам кај населението и странските инвеститори), традиционалното богатство – златото, дрвото, какаото, како и неодамна откриените резерви на нафта се главната причина зошто повторно стана африканско дете, особено за Западните инвеститори.

Кога станува збор за природни ресурси и богатство, во оваа земјата се чини дека ги има во изобилство. Добра е состојбата и со енергијата, бидејќи на главната ганска река  е изградена Акосомбо браната, со која настанало едно од најголемите акумулационо езеро во светот.

kakao-gana

Извозна тајна

Гана е втор по големина производител на какао по Брегот на Слоновата Коска, а на земјоделството отпаѓа 21 проценти од БДП. Сепак, повеќето земјоделци, вклучувајќи ги и оние кои одгледуваат какао, се од мал калибар. Ганската извозна тајна, кога станува збор за какаото е всушност Ghana Cocoa Board (Cocobod), институција водена од страна на државата која  ги регулира цените, со цел да се спречи земјоделците да ја рушат цената на какаото на светскиот пазар, ги обединува најдобрите производители на какао и кафе, обезбедува најдобри аранжмани за купување, продажба , сертификација и го олеснува извозот на готови производи.

По Јужноафриканската Република, најголемиот производител на злато е Гана. Покрај тоа, рударството сочинува  благи пет проценти од годишниот приход на државата.

 

Откривањето на големите нафтени резерви

Со откривањето на овие нафтени извори, неверојатно богатата земја доби дополнителен полет. Производството официјално започна во 2010. Сепак, вистинскиот успех во бизнисот со нафтата во голема мера ќе зависи од тоа колку Владата ќе успее да ја управува таа индустрија.

 

И туризмот зема замав

Треба да се додаде дека туризмот, во кој Гана не е лидер меѓу африканските земји, полека добива на интензитет. Со можноста туристите да можат релативно безбедно да се движат на поголем дел од земјата, и фактот декаа со години нема тензии помеѓу припадниците на различните култури и различни религии, повеќето туристи од овие убави, претежно зелени краишта, се враќаат назад со убави впечатоци. Гана сеуште се смета за најдобра африканска земја за почетници.

 

Не е се така сјајно

Сето ова треба да земјара со 25.5 милиони жители, која на 238.000 квадратни километри лежи на неверојатни природни богатства, во следните векови да се задржи на врвот не само во африканската економија. Сепак, не е се така сјајно.

Големиот потенцијал и донесе многу проблеми, и претседателот Џон Драмани Махама денес се соочува се поголеми притисоци од странските инвеститори, за да го либерализира повеќе пазарот и се поголемото незадоволство на населението чиј секојдневн живот не им дозволува да живеат  и уживаат во земјата, каде што природата им подарила толку големо и разновидно богатство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП