6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин го образложи планот за зајакнување на Газпром

Путин го образложи планот за зајакнување на Газпром

putin1fe43t5tgy

Рускиот претседател Владимир Путин убеден е дека рускиот гасен гигант Газпром лесно би собрал пари на пазарот со долгорочен енергетски договор со Кина.

Една од опциите е да се зголеми капиталот на Газпром. Тоа е една од можните опции со користење на златните и девизните резерви, изјави Путин пред новинарите, додавајќи дека има и други опции. Тој рече дека постои договор со кинеските партнери и за авансно плаќање.

Западните медиуми пишуваат дека идеите на рускиот претседател за големо јакнење наакцискиот капитал на Газпром ги изненадиле банкарите и енергетската индустрија, додека некои изразиле стравување дека тоа дополнително би можело да ја напрегне руската економија, веќе погодена од санкциите и да ја подрие вредноста на рубљата.

Путин пред три дена изнесе неочекуван предлог, навестувајќи дека докапитализација на државниот гасен гигант би можела да дојде од златните и девизните резерви, а како можен финансиски извор беше спомнуван и фондот за „црни денови“, наменет за покривање надржаваниот пензиски дефицит.

Синоќа Путин ја образложи својата идеја, изјавувајќи дека државата би можела да купи акции во Газпром од резервите, и додаде дека тоа е само една од неколкуте опции.

Кремљ одби да соопшти повеќе детали за планот, но аналитичарите го доведуваат во прашање не само начинот на кој тоа би се спровело, туку и дали на Газпром воопшто му се потребни дополнителни финансиски фондови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП