28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSprint го превзема T-Mobile USA

Sprint го превзема T-Mobile USA

spirit t mobile

Aмериканскиот мобилен оператор „Sprint“ најверојатно постигна договор за превземање на американската подружница на мобилниот оператор „T-Mobile“ зa 40 долари по акција, односно вкупно околу 31 милијарди долари.

Јапонскиот мобилен оператор „Softbank“, кој е сопственик на „Sprint“, и германски „Deutsche Telekom“, кој има во 67% акции од „T-Mobile USA“, мораат уште да ги договорат сите детали поврзани со овој договор, вклучувајќи го финансирањето и надоместокот за раскинување на договорот доколку целата работа биде блокирана од регулаторните агенции. Имено, пред три години регулаторите го одбија превземањето на „T-Mobile“ од страна на „AT&T“ и тоа за договор вреден 39 милијарди долари, па поради тоа „AT&T“ мораше да плати 6 милијарди отштета на „Deutsche Telekom“.

Според предложениот договор „Deutsche Telekom“ би задржал од 15 дo 20% удел во заедничката компанија. „Bloomberg“ наведува дека „Deutsche Telekom“ сака 3 милијарди долари, доколку работата биде блокирана од регулаторите, додека „Softbank“ најверојатно нуди една милијарда отштета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП