3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораснаа цените во Швајцарија

Пораснаа цените во Швајцарија

shvajcarijabernjdbn2379gtrf7932g

Потрошувачките цени во Швајцарија во мај се зголемија за 0,3 проценти во однос на претходниот месец, додека стапката на меѓугодишната инфлација изнесува 0,2 проценти.

Растот на цените во мај се објаснува главно со зголемувањето на цените на прехрамбените намирници, како и обувките и летната облека, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Туристичките аранжмани исто така имаат повисоки цени, како и бензинот, додека цените на книгите и другите печатени публикации бележат пад, соопшти швајцарскиот Федерален завод за статистика, кој напомена дека во наредниот период очекува дополнително зголемување на цените, со што ќе биде забележан и поголем раст на инфлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП