7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДонесување одлуки – Како да ја изберете најдобрата можност?

Донесување одлуки – Како да ја изберете најдобрата можност?

decision-making

Патот кој го избираме во животот е резултат на низа одлуки кои до тој момент сме ги донеле и сме ги претвориле во дело. Во ниеден случај тоа не значи дека тоа биле само исправни, ниту само неисправни одлуки.

Многу е тешко да знаеме која е идеалната работа за нас или кое од две ризични решенија да го одбереме, сите имаме своите доблести и мани и затоа не е неочекувано понекогаш да погрешиме. Важно е во клучните моменти, оние кои кај секого од нас оставаат големи последици, да ја одбереме правилната одлука. Онаа која постигнува исполнување на целта или тежината во дадена ситуација. Донесувањето на одлука е процес во кој сме соочени со неколку можности од кои треба да се одбере вистинската, по што следи преземање на низа акции за да можеме таа одлука да ја спроведеме на дело.

Начинот на кој донесуваме одлуки во голема мерка зависи од тоа какви сме карактерно и кои се тие особини на личноста кои нас не прават различни од другите. Секако, целите, амбициите, интересите и желбите влијаат на тоа која одлука во кој момент ќе ја донесеме и која е во склад со приоритетите кои сме ги одбрале за себе. Одлуките кои вклучуваат планирање, значи, земање во предвид долгорочни (а со самото тоа и краткорочни) цели, се најквалитетни бидејќи така ги земате во предвид своите животни цели и ги остварувате чекор по чекор. Тоа значи дека преземате контрола над својот живот. Поставете си ги овиe прашања и одвоете време да дадете целосни одговори, на тој начин ќе дознаете каде грешите во процесот на донесување на одлуките.

*Како донесувате одлуки?

*Преку кои фази поминувате при донесување на одлуките?

*Кои препреки се јавуваат при донесувањето на одлуките?

*Како не треба да донесувате одлуки?

Донесувањето на одлука не е лесна работа ниту е секогаш логичен избор, но она што е важно покрај сето тоа, е тоа да останеме доследни на самите себеси и на своите вредности, желби и аспирации, бидејќи така ги намалуваме негативните последици од одлуката која сме ја донеле. Такви одлуки не е секогаш лесно да се донесат и затоа „консултирајте“ ги своите долгорочни цели и изборот ќе ви биде полесен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП