5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипарскиот БДП потона за 0,7 проценти

Кипарскиот БДП потона за 0,7 проценти

kipar6

Бруто домашниот производ (БДП) на Кипар потона во првиот квартал за 0,7 проценти, што е малку подобар резултат во однос на падот од 0,8 проценти, во претходните три месеци.

Конечните резултати се во согласност со прелиминарните податоци, објавени во средината на мај, наведува Заводот за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

БДП во три месеци заклучно со април е намален за 4,1 проценти на годишно ниво, во однос на падот од 4,9 проценти од претходниот минатогодишен квартал. Кипар минатата година доби меѓународната финансиска помош од 10 милијарди евра, во замена за строгите мерки за штедење и обемната реорганизација на банкарскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП