1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавно извлекување за субвенции за соларен колектор

Јавно извлекување за субвенции за соларен колектор

solarenkolektor5468774

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи јавното извлекување на лицата кои ќе остварат право на надомест на дел од трошоците за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство.

Извлекувањето е од шестиот повик за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување соларни колекторски системи во домаќинствата за 2014 година. Го организира Министерството за економија, а ќе учествуваат сите апликации што пристигнале во рокот.

Избраните ќе бидат субвенционирани со 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра.

Јавниот повик беше распишан на 24 јануари и траеше до 31 мај 2014. За негова реализација се предвидени шест милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП