25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel планира 27 нови модели и 17 нови мотори до 2018-та

Opel планира 27 нови модели и 17 нови мотори до 2018-та

opel strategija

Новата стратегија на „Opel“ зема замав, а нивниот амбициозен план за во иднина беше објавен оваа недела и подразбира изработка на 27 нови модели и 17 нови мотори до 2018-та година.

Агресивното ширење на производството на дел од „DRIVE!2022“ стратегијата на „Opel“, чија главна цел е учество на европскиот пазар од 8 проценти, враќање на профитабилноста и подобрување на квалитетот.

Доколку „Opel“ постигне удел на пазарот од 8 проценти, во однос на сегашните 5.8%, ќе стане вториот најпопуларен производител на „Стариот континент“.

Иако амбициозна, кампањата всушност претставува последниот обид на „General Motors“ да го спаси „Opel“ кој од 1999-та година загуби повеќе од 13 милијарди евра, а веќе одреден број на погони се затворени, стопирано е глобалното ширење, а „General Motors“ го повлече и „Chevrolet“ од Европа со цел целото внимание да биде посветено на „Opel“.

Иако се уште официјално не е објавено кои нови модели ќе бидат лансирани, општото мислење е дека станува збор за „Аgila“, „Сorsa“, „Аstra“ и „Insignia“ кои ќе имаат повеќе верзии, а тука се и целосно новите модели од кои најинтересен е кросоверот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП