1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСИРИЗА: Грчкиот долг не е постојан и претставува закана за стабилноста на...

СИРИЗА: Грчкиот долг не е постојан и претставува закана за стабилноста на Европа

Left Coalition Party leader, Alexis Tsip

Државниот долг на Грција не е постојан и претставува закана за стабилноста на цела Европа, изјави лидерот на грчката радикална левица СИРИЗА, Алексис Ципрас, која победи на евроизборите.

На новинарско прашање што го тера да верува дека Европа ќе прифати ново преструктуирање на грчкиот долг, Ципрас одговорил дека долгот не е постојан и претставува закана за цела Европа, повикувајќи за европско решение на должничкиот проблем на Грција.

„Овој системски ризик го натера Брисел да му се посвети на грчкиот долг во 2010 година. Заканата за излез на Грција од еврозоната беше употребена за изнудување, сите знаеја дека нешто слично би ја фрлило во воздух еврозоната. Грција не разбра на каков начин да ги искористи преговарачките можности“, истакна Ципрас.

Тој изрази поддршка за кандидатурата на Жан-Клод Јункер за претседател на Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП