1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците никогаш не биле побогати

Американците никогаш не биле побогати

nedviznosti-dolari

Растот на вредноста на акциите и недвижнините во САД во првите три месеци од оваа година го зголеми богатството на американските домаќинства на рекордна вредност.

Федералните резерви соопштија дека богатството на домаќинствата во првиот квартал се зголемило за 1,500 милијарди долари, на 81,800 милијарди.

Цените на недвижнините придонесоа за зголемување од 758 милијарди долари, додека акциите за уште 361 милијарди долари.

За растот на богатството на Американците придонесе и зголемувањето на износот на тековните сметки, во пензиските фондови и заштедите.

Овој раст главно се однесува на побогатите Американци бидејќи околу 10 проценти од домаќинствата поседуваат околу 80 проценти од акциите.

Податоците на американската централна банка не ги земаа во предвид растот на популацијата или инфлацијата.

По првиот квартал, вредноста на акциите и недвижнините и натаму се зголемува што може да влијае и на зајакнување на економијата бидејќи луѓето кои се чувствуваат богато благодарение на акциите или недвижнините, обично трошат повеќе пари.

Кризата во 2008 година негативно влијаеше на богатството на американските домаќинства. Во првиот квартал во 2009 година тоа изнесуваше 55,600 милијарди долари, што е за 19 проценти помалку од 68,800 милијарди долари од пред рецесијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП