20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБугарија Ер склучи договор за партнерство со Емирати

Бугарија Ер склучи договор за партнерство со Емирати

bugaria air

Националниот авиопревозник „Бугарија Ер“ потпиша договор за соработка со авиокомпанијата од Дубаи – „Емирати“. Партнерство помеѓу „Бугарија Ер“ и еден од најважните авиопревозници, гарантира удобност и највисок квалитет на услуга при вршењето на интерконтинентални летови, соопштија од двете компании.

Авиокомпаниите ќе вршат заеднички летови до Њујорк и Дубаи, а договорените цени важат како за економска, така и за бизнис класата.

И двете дестинации ќе бидат извршени со еден трансфер. Летовите до Њујорк се со цени од 797 евра и се со трансфер во Милано, а за Дубаи пунктот за врска може да биде Виена, Атина, Ларнака, Милано, Рим, Амстердам или Франкфурт.

Двете авиокомпании се во процес на преговори и за други дестинации, кои ќе бидат додадени на заедничка соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП