17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНема двоцифрен раст за Swatch во 2014

Нема двоцифрен раст за Swatch во 2014

swatchnc2u3y89r4[yt4hgt

По повеќегодишниот силен раст на швајцарскиот производител на часовници „Swatch“, оваа групација поради актуелната монетарна ситуација, односно неповолниот ефект на дефизните курсеви, во 2014 година не очекува двоцифрен раст, што е спротивно на најавите од јануари оваа година.

Според зборовите на шефот на оваа компанија, Ник Хајек, растот во 2014 година би можел да се движи меѓу пет и 10 проценти, што, како што наведува, не би бил лош, со оглед на високите резултати остварени во минатата година, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Во 2013 година „Swatch“ оствари 8,8 милијарди франци приходи, со раст од 8,3 проценти во споредба со 2012 година и рекорден профит од 1,93 милијарди франци, 20,2 проценти повеќе отколку претходната година.

Во другата половина од 2013 година „Swatch“, која има 18 брендови, загуби повеќе од 100 милиони франци приходи поради неповолното валутно влијание. На вредноста на продажбата особено негативно влијаеше слабоста на американската валута, како и валутите на земјите во развој, но и антикорупциските мерки на кинеската влада.

Истиот извор потсетува дека швајцарскиот извоз на часовници во 2013 година достигна рекорден износ од 21,83 милијарди франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП