22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на невработеноста во Грција

Пад на невработеноста во Грција

grckakrj3478ry4378gt43t

Малиот пад на невработеноста во Грција продолжи и во месец март, така што стапката на невработеност во оваа земја, една од највисоките во Европа, изнесува 26,8 проценти, соопшти заводот за статистика ЕЛСТАТ.

Невработеноста на годишно ниво е намалена за 0,4 проценти. Во март пред една година невработеноста изнесуваше 27,2 проценти, потсетуваат од агенцијата АФП.

На месечно ниво, стапката на невработеност во март 2014 година е намалена за 0,1 проценти на 26,8 проценти во однос на месец февруари.

Во септември 2013 година стапката на невработеност во Грција го достигна највисокото ниво, после кое започна да опаѓа.

Невработеноста меѓу популацијата под 24 години во март исто така е намалена на годишно ниво од 59,7 на 58,3 проценти.

Во земјата, која има 11 милиони жители, бројот на невработени во март изнесуваше 1,2 милиони лица, а бројот на вработени 3,4 милиони лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП