2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Скопски Оutlet саем“ од денеска до 15 јуни

„Скопски Оutlet саем“ од денеска до 15 јуни

saem-500

Под мотото „Се за вашиот дом!“, од денеска до 15 јуни ќе се одржува саемската манифестација „Скопски Оutlet саем“. Стотици производи за домот, по несекојдневни и специјални цени, ќе бидат изложени на 7.000 метри квадратни, во три хали ина повеќе од 60 штандови.

Скопски саем минатата година ја воведе оваа манифестација која има продажен карактер и е наменета само за потрошувачите. Посетителите ќе можат да купат автомобили, белатехника, опрема за дворови и тераси, алати, опрема за домаќинство, завеси, постелнина, душеци, врати, подови…

На „Скопскиот Оutlet саем“ учествуваат повеќе компании, како Технокооп, Интер Мебел(Струмица), Интер Мобел (Тетово), Јуниор, Федербау, Фејдом, Леснина-Ми, Фатина, Софастудио, Интер фантазија, Кристина Дамил, Симак-Симпо, Југоекспорт Стил, Цептер, Тач…

Влезот за сите посетители на „Скопскиот Оutlet саем“ е бесплатен. Организаторите очекуваат повеќе од 50 илјади посетители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП