28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ги намали клучните каматни стапки

ЕЦБ ги намали клучните каматни стапки

ecbnew1

Европската централна банка (ЕЦБ) денес намали две клучни каматни стапки, од кои едната доби негативна вредност, што е необичен потег кој укажува на итноста на обидите да се спречи дефлацијата во земјите на еврозоната.

ЕЦБ соопшти дека во текот на денот ќе ги објави и дополнителните мерки за да се осигура дека економијата има што поголема корист од ниските каматни стапки.

Основната каматна стапка е намалена од досегашното рекордно минимално ниво од 0,25 проценти на 0,15 проценти.

Уште подрастична е одлуката да се намали каматата која оваа банка ја плаќа на паричните депозити од други банки од нула на минус 0,1 проценти, со надеж да се поттикнат банките да им позајмуваат пари на другите наместо да ги акумулираат.

ЕЦБ се обидува да го поттикне економското закрепнување и да ја зголеми инфлацијата, која се наоѓа на опасно ниско ниво од 0,5 проценти.

Слабата инфлација носи ризик од дефлација, односно константен пад на цените, што може да го спречи економскиот раст, бидејќи потрошувачите и компаниите ќе започнат да го одложуваат купувањето со надеж дека ќе добијат уште пониска и подобра цена.

Економијата на еврозоната порасна за само 0,2 проценти во првиот квартал, а стапката на невработеност е на ниво од 11,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП