28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобрите намирници во јуни

Најдобрите намирници во јуни

grocery-bag-iStock_000015318852XSmall

По долгата зима и малиот избор на овошје и зеленчук, пазарите секој ден се се пошарени, а изборот е се подобар. За вас ги издвоивме намирниците кои мора да ги искористите во јуни.

Време е зимското овошје и зеленчук да се стават на листата на чекање, бидејќи на ред доаѓаат вкусни намирници како цреши, јагоди или пак краставици и тиквици.

Цреши

Преполни со антиоксиданси и со малку калории, црешите се секако на листата на најдобри намирници во јуни. Поради своите нутритиенти црешите ни помагаат при несоница и го штитат срцето, а богати се и со ликопен, витамин Ц и влакна.

Краставици

Со составот од вода од 96 проценти ретко која намирница може да го хидрира организмот како краставицата. Исто така се богати со витамин Ц, А и К, а содржат и магнезиум, калиум и многу малку калории. Можете да ги конзумирате на повеќе начини, па затоа експериментирајте со нив.

Бамји

Можеби не се познати и популарни како краставицата или црешите, но бамјите се еднакво здрави и вкусни. Исто така се одличен извор на влакна, витамин А, Б6, Ц и К, како и магнезиум и калиум. Можете да ја подготвите како зеленчук со месо, како вариво или да ја похувате.

Јагоди

Вкусните и сочни јагоди сега се веројатно најбарани, бидејќи токму сега е нивната сезона. Сочните јагоди инаку имаат многу витамин Ц и Б6, а еден филџан има само 49 калории. Некои студии дури покажале дека јагодите се одлична намирница за оние кои сакаат да ослабат бидејќи имаат нутритивни состојки кои го забрзуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот и помагаат во контролата на нивото на шеќер во крвта.

Тиквици

Во 100 грама сирови тиквици има само 16 калории, а богати се со витамини и влакна односно со манган и витамин Ц, па се многу добар извор на магнезиум, витамин А, калиум, прехрамбени влакна, фолна киселина, фосфор, бакар и витамин Б2. Можете да ги подготвувате на многу начини, варени, полнети, како прилог…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП