26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСтравувате од отказ? Ова се јасните знаци дека ќе го добиете...

Стравувате од отказ? Ова се јасните знаци дека ќе го добиете…

fired

Луѓето најчесто не ги препознаваат знаците кои јасно им укажуваат дека им се подготвува отказ. Ова се јасни знаци кои ви покажуваат дека нешто не е во ред и затоа е време да побарате друга работа:

Компанијата се соочува со финансиски проблеми

Ако вашиот работодавач се бори со финансиски проблеми, време е да побарате нова работа на пазарот за труд. Барањето работа може да потрае, но сепак паметно е да имате алтернатива. Дури и овој знак да не води кон отпуштање, секогаш треба да ја имате испланирано однапред ситуацијата.

Во последно време шефот постојано ви се обраќа по пишан пат

Ако вашиот шеф постојано ви праќа пораки со критичка содржина, време е да се уклучи алармот. Многу фирми практикуваат да имаат пишана документација со критики, пред отпуштање на работникот.

Лути сте, огорчени веќе со месеци

Секој има денови кога се чувствува дека ја мрази својата работа, шефот, соработниците. Но, ако оваа ситуација е подолго време, тоа е јасен знак дека треба да ја промените.

Не се согласувате со колегите

“Adapt or die” , или прилагодете се на средината или побарајте друга работа во која ќе бидете дел од тимот.

Вашиот шеф не покажува интерес за решавање на вашите работни проблеми

Ако му покажете загриженост на шефот дека немате доволно начини за извршување на определена работа, а тој никогаш не реагира, верувајте дека никогаш тоа нема да се промени. Ако сакате промени, почнете од вашата работа.

Ако ја чуете реченицата “Морам да видам значаен напредок”

Никогаш не ја игнорирајте оваа порака. Ако не ги исполнувате очекувањата на шефот, тогаш следи отказ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП