11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа ќе мора да ја менува стратегијата за развој на енергетиката

Европа ќе мора да ја менува стратегијата за развој на енергетиката

energija-314

Енергетскиот сектор во Европа мора да се трансформира и да излезе во пресрет на новите барања. Свртувањето кон обновливите извори на енергија не ги даде очекуваните резултати и затоа е неопходно основата повторно да биде базната енергија, односно термоелектраните.

Ова е заклучок на панел дискусиите на саемот за енергетика Пауер Џен Јуроп што се одржува во Келн, Германија, а на кој се претставува и АД Електрани на Македонија.

Насоката за поголем развој на обновливите извори на енергија зацртана од Европската комисија, која земјите-членки ревносно ја исполнуваа, доведе до големи проблеми кај големите енергетски компании кои за прв пат во својата историја работат со огромни загуби.

Затоа треба да се преиспита енергетската политика и повторно базната енергија да биде основата од која се поаѓа, посочија експертите на паднел дискусиите во Келн.

Германија, како што истакнаа, веќе почна своето производство повторно да го базира на јагленот и на термоелектраните, но со подобрени еколошки параметри. Остануваат на одлуката до 2020 година да ги исклучат нуклеарните електрани од системот, но сега предвидуваат наместо нив да изградат термоелектрани на јаглен.

Од ЕЛЕМ, пак, сметаат дека најдобра опција за Македонија е да направи енергетски микс за да обезбеди сигурност во снабдувањето со електрична енергија, односно да има енергија од повеќе различни извори како што се обновиливи извори на енергија, мали хидроелектрани, гасниелектрани,…

Оттаму не очекуваат во наредниот период да има проблеми со снабдувањето со електрична енергија во поширокиот регион и покрај поплавите во Србија и штетите предизвикани во енергетскиот сектор. Тоа, велат, пред се се должи на намаленената потрошувачка на електрична енергија за 10 до 15 отсто заради намалениот конзум предизвикан од кризата во регионот, особено во Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП