6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот во првите четири месеци со раст од 15,1 отсто

Извозот во првите четири месеци со раст од 15,1 отсто

uvoz1

Извозот на стоки во првите четири месеци од годинава од земјава изнесува 1.510.588 илјади американски долари и бележи раст од 15,1 отсто, додека вредноста на увозот е 2.316.124 илјади американски долари и бележи раст од 10,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци покриеноста на увозот со извоз е 65,2 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 805.536 илјади американски долари.

Од Македонија најмногу се извезувале катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Од странство се увезувало сурова нафта, платина и легури на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во првите четири месеци од годинава најмногу се извезувало 78,7 проценти во земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан 13 проценти. Се увезувало, исто така, 63,9 отсто од ЕУ.

Најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Со овие земји се врши 52,4 отсто во вкупната надворешно-трговска размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП