
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во првиот квартал годинава, во споредба со истиот период лани, се пониски за 1,6 проценти. Трошоците за материјали се пониски за 3,1 процент, а за вработените за 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
