Германската хемиска и козметичка групација „Henkel“ ќе го купи францускиот ривал „Spotless“ за 940 милиони евра.
„Henkel“ потпиша договор за преземање на сите акции на „Spotless“. Трансакцијата е проценета на 940 милиони евра и ќе биде исплатена во кеш“, наведе германската компанија, пренесува агенцијата Франс прес.
„Henkel“ главно произведува детергенти за алишта, производи за борба против инсекти и сл. и ја има водечката позиција на европските пазари како што се Франција, Италија, Шпанија и Британија. Француската компанија, која вработува 470 луѓе, минатата година оствари приходи од околу 280 милиони евра.
Ова преземање најпрво треба да биде одобрено од антимонополските власти, чија одлука се очекува најдоцна до првиот квартал од 2015 година, наведуваат од германската компанија.