3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРен: Шведска, Чешка, Романија... не се подготвени за еврото

Рен: Шведска, Чешка, Романија… не се подготвени за еврото

oliren1

Потпретседателот на Европската комисија Оли Рен смета дека Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска не се подготвени да влезат во еврозоната.

Тој на прес-конференцијата во Брисел нагласи дека ниту една од овие земји не ги исполнува потребните критериуми за премин на еврото.

За некоја земја да и се приклучи на еврозоната, буџетскиот дефицит не смее да надминува три проценти од БДП.

Нејзиниот јавен долг не смее да надминува 60 проценти од БДП, а инфлацијата не смее да биде поголема од 1,5 проценти во однос на просекот на три земји со минимален раст на цените.

Во ЕУ има 28 земји членки, а во еврозоната 18 земји членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП