2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРабота во продажба: Мотивирајте се самите себе си во неколку чекори

Работа во продажба: Мотивирајте се самите себе си во неколку чекори

123417-104

Дали спаѓате во оние среќници кои би им продале фрижидер на Ескимите, ако имате шанса? Да бидеме реални, повеќето луѓе не се талентирани за продажба.

За среќа, и ова е вештина која може да се научи, дури и во основните црти а сепак да бидете успешни, бидејќи во нашата земја ова е најлесниот начин за да остварите дополнителна заработка.

Трикот со правилната мотивација не во тоа едноставно да се мотивирате за работа, туку во тоа да се мотивирате да работите некои нешта поради кои ќе бидете успешни, а тоа донекаде е лесно.

Ви предлагаме да ги прочитате наредните прашања и да одвоите барем 10 секунди за да изнајдете ваш одговор на нив. Ова ќе ви помогне да откриете како да ги услогласите вашите желби и цели со целите на компанијата…

Која е целта на мојата работа и зошто работам?

Како тоа што го работам влијае на мене?

Како поставените цели од моите шефови се вклопуваат со моите желби?

Како стратегијата на мојата компанија може да се поврзе со моите лични цели?

Кои се моите специфични цели и амбиции?

Кој е мојот план за остварување на овие цели?

Мотивацијата се храни моментално. Ако преминете на акција, овој момент, додека размислувате за прашањата, тоа ќе ве оддржува во текот на денот, ќе го оддржува вашиот фокус на активностите кои ќе ве одведат кон целта и исполнувањето на желбите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП