30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрза инфлацијата во еврозоната

Забрза инфлацијата во еврозоната

evrozonabhg76it7tr7tt

Инфлацијата во еврозоната забрза во април на 0,7 проценти од мартовските 0,5 проценти, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

ОЕЦД ги изнесе овие податоци пред денешниот состанок на Европската централна банка (ЕЦБ) од кој се очекуваат дополнителни акции на оваа институција со цел да се избегне опасноста од паѓањето на еврозоната во дефлација.

Во 34-земји членки на ОЕЦД, инфлацијата во април исто така порасна, на 2,0 проценти од мартовските 1,6 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Податоците за инфлацијата во еврозоната се исклучително важни поради се поголемата загриженост дека слабото закрепнување на овој блок и ниското ниво на кредитирање би можеле да предизвикаат пад на цените на долг период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП