4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ предлага продолжување на структурните реформи во Грција

ММФ предлага продолжување на структурните реформи во Грција

mmfmisijaf5r46re4g6e4r

Меѓународниот монетарен фонд денеска ќе го објави својот најнов извештај за состојбите во Грција, кој ќе ја содржи петтата оценка за спроведувањето на програмата за финансиска консолидација на земјата.

Како што јави Радио Атина, во Извештајот ММФ ќе препорача Грција да продолжи со структурните реформи, чие спроведување е услов за исплатата на финансиската помош од Фондот и ЕУ.

Првиот човек на Еврогрупата, Јерун Дејселблум вчера оцени дека грчката економија се развива добро, но дека долгот на државата е и натаму висок и оти можеби ќе биде потребен нов спасувачки пакет.

Оценката на Дејселблум дојде два дена, откако германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека е можно Грција да побара нов спасувачки пакет од околу десет милијарди евра. На Грција досега и беше одобрена помош од 240 милијарди евра.

Колку пари и се потребни на Грција и на какво ниво ќе биде новата финансиска помош ќе се реши по летото, изјави Дејселблум.

Тој додаде дека државниот долг на Грција е висок и доколку каматата за негово исплаќање на се намали, тогаш ќе биде потребна нова помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП