20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ-7 најави нови санкции кон Русија ако не деескалира состојбата во Украина

Г-7 најави нови санкции кон Русија ако не деескалира состојбата во Украина

gesedum

Шефовите на држави или влади на седумте економиски најразвиени земји на синоќешниот Самит на Групата Г-7 во Брисел побараа ставаење крај на влијанието на Русија во деестабилизацијата и деескалацијата на состојбата во Украина или во спротивно, до крајот на овој месец ќе започне третата најтешка фаза на снакции кон Москва.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова, како што синоќа, неколку минути пред полноќ, германската канцеларка Ангела Меркел, бил главен заклучок од средбата на лидерите на најразвиените земји во светот, на која за првпат по 15 години не присуствуваше и претседателот на Русија, Владимир Путин.

Според Меркел, најголемиот дел од времето за време на работната вечера, лидерите го искористиле да разговараат за ситуацијата во Украина.

Таа нагласи дека тие дискутирале за претседателските избори што се одржаа во оваа земја во сабота, за новоизбраниот претседател Петро Порошенко и за неговата инаугурација во сабота.

– Но, има бројни причини за загриженост, посебно поради случувањата во Источна Укриана, во градовите Доњецк и Лугањск, каде има обиди за дестабилизација.Во однос на ова, ние ќе имаме разговори со Порошенко, но и со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, на маргините на комеморацијата во Нормандија во петок. Пораката што ја испраќаме од овој состанок на Г-7 групата во однос на Укриана е дека Русија треба да работи за состојбата да се дестабилизра и да дојде до деескалација на настаните, како и да соработува со новиот украински претседател, што Русија вели дека ќе го почитува. Русија треба да придонесе за крај на растот на сепаратизмот во Украина, да се повлечат вооружените сили од украинските граници, како и да продолжи испораката на гас за оваа земја, што се договара со еврокомесарот за енергетика, Гинтер Ојтингер, ги пренесе Меркел пораките од синоќешниот состанок на Г-7.

Германската канцеларка исткана дека во соопштението на Г-7 од синоќаа, јасно се вели дека се бара продолжување на приодот во однос на економските прашања, разговорите со Русија за идните чекори и во случај да нема прогрес во овие прашања, дека ќе мора да се примени третата, најтешка фаза за воведување на санкции, оти, според лидерите на Г-7 земјите – нова дестабилизација во Украина не може да се дозволи.

– Овој договор на Г-7 за сите поенти е добар курс за следните недели и месеци. Ние ќе следиме дали има прогрес на ситуацијата во Украина, па ако постои растечка дестабилизација во Источна Укрина, на крајот на овој месец, на Самитот на Европскиот совет, ќе воведеме ако треба нови санкции. За сите овие работи ќе разговораме во петок со Путин. Вечерашниот состанок на Г-7 мина и во духот на договор за приоритетите што да дискутираме со Путин, оти главно на сите ние Украина да има иднина. Но, говоревме и за тоа во оваа земја да се одвива нормален, уставен процес, да се штитат малцинските права и разговорите за нормализаицја на земјата да продолжат, додаде Меркел.

Канцеларката на Германија, исткана дека е дискутирано и за тоа дека со рускиот претседател треба да се договори конструктивно решение за испораката на гас за Украина.

Па, така, според Меркел, само ако нема прогрес во сите овие точки, тогаш ќе се продолжи во трета фаза на санкции, но во секој случај потребно е сите да бидат конструктивни.

– Добар сигнал беше тоа што францускиот претседател Франсоа Оланд го покани Путин на петочната церемонија на “денот Д” од Втората светска војна, посочи Меркел.

Во сенка на дискусиите за ситуацијата во Украина, според германската канцеларка, минала кусата размена на информации за подготовката за именување на нов претседател на Европската комисија. Според Меркел, со претседателот на Советот, Ван Ромпуј, разговарале за идното консултации што тој ќе го има со шефовите на земјите-членки, но и со претседателите на групите во Европскиот парламент, во однос на изборот на идниот претседател на Европската комисија.

Но, според неа, на ова прашање се задржале кратко, како и во дискусијата на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој се закани дека во случај кандидатот на Меркел, Жан Клод Јункер, да биде избран за наследник на Жозе Мануел Барозо, Велика Британија ќе истапи од Европската унија.

– Идејата за кандидати на европските избори направи изборите да бидат посилни и сега следува имплеменгтациската фаза, наглси Ангела Меркел.

По синоќешната исцрпна дискусија, лидерите на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД и Велика Британија, денеска ќе го продолжат Самитот на Г-7, овојпат со фокус на надворешната политика, економската соработка и климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП