28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВинер - Виена Иншуренс Груп објави одлични компаниски и групациски резултати

Винер – Виена Иншуренс Груп објави одлични компаниски и групациски резултати

Logo_Winne

Виена Иншуренс Груп (ВИГ), најголемата осигурителна групација во Централна и Источна Европа, која е присутна во Македонија од 2009 година преку Винер, на почетокот на годинава покажала значајна консолидација и одлични резултати по трите клучни параметри за осигурителниот бизнис.

Имено, групацијата ВИГ за првите три месеци од 2014 остварила премија од 2,7 милијарди евра што претставува зголемување во однос на минатат година за 1%, профит од 152 милиони евра, што е адекватно зголемување од 2,8% и значајно подобрен комбиниран количник на успехот од 96,4% во однос на 2013 кога истиот изнесувал 100,6%.

Истовремено, на македонскиот осигурителен пазар Групацијата останува доминантен и убедлив пазарен лидер, а Винер – Виена Иншуренс Груп продолжува со извонредни резултати. За првите три месеци Винер остварил зголемување на полисираната премија за високи 13% проследено со раст на профитот за спектакуларни 96%. Врв на одличните резултати е постигнатиот комбиниран количник на успехот од фантастични 72,6%.

„Со нашето домаќинско работење успеавме да обезбедиме вишок вредност за клиентите – намалените административни трошоци ни овозможуваат за нашите клиенти да обезбедиме пакети со најголем опфат на ризици за мошне фер цени, експресно решавање и исплата на штети и беспрекорна сигурност преку вложувањето во супериорното реосигурување.“ изјави во оваа пригода д-р Зоран Нарашанов, Генерален директор на Винер – Виена Иншуренс Груп.

Од Винер уште додаваат дека продолжуваат со програмата „Кариера во Винер“, односно со активна регрутација на талентирани млади луѓе, но и искусни професионалци од струката со цел да се создаде уште помоќен тим кој успешно ќе ја следи и спроведува деловната филозофија на компанијата во чиј центар е супериорната услуга на клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП