9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 6.000 земјоделци поднеле барање за субвенции во Куманово, Липково и Старо...

Над 6.000 земјоделци поднеле барање за субвенции во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

zemjodelstvo222

Барање за земјоделски субвенции поднеле 6.140 земјоделци од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.

„Поднесувањето на барањата за програмата на финансиска поддршка на земјоделството за 2014 започна на 16 март и траеше до 31 мај 2014 година. Врз основа на податоците што ги имаме во базата за директни плаќања во подрачната единица Куманово, правото на аплицирање го искористиле 98% од земјоделците во трите општини“, вели Бранкица Павловска од подрачната единица на МЗШВ.

Најголем дел од земјоделците од овие општини поднеле барање за субвенции за растително призводство.

Од подрачната единица на ресорното министертво ги информира сточарите дека до 15 јуни годинава истекува рокот за доставување барање за предадено млеко во млекарите за периодот од јануари до април годинава.

Барањата сточарите треба да ги достават во просториите на подрачната единица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП