8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLidl и Aldi го „нокаутираа“ Tesco

Lidl и Aldi го „нокаутираа“ Tesco

Aldi and Lidl Plastic Bags together

Најголемиот британски малопродажен ланец „Tesco“ доживеа најголем пад во кварталната продажба во последните 40 години.

Овој пад е последица на жестоката конкуренција во вид на германските супермаркети „Lidl“ и „Aldi“, но и традиционалните ривали како филијалата на американскиот „Walmart“ – „Asdа“.

Продажбата во продавниците на „Tesco“ во Британија во трите месеци заклучно со 24-ти мај, потонала за 3,7 отсто на годишно ниво, се наведува во соопштението од компанијата.

Во текот на рецесијата во Британија, ланците на супермаркети кои имаат попусти „процветаа“, затоа што купувачите ја намалија потрошувачката со цел да заштедат пари.

Таквите супермаркети, и покрај подобрувањето на британската економија во оваа година, ја задржаа својата популарност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП