2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌумурцидис: Ветерниот парк „Богданци“ пример што треба да го следат земјите од...

Ќумурцидис: Ветерниот парк „Богданци“ пример што треба да го следат земјите од регионот

wind-turbines333

Ветерниот парк „Богданци“ е добар пример за регионот, смета Михалис Ќумурцидис, директор за производство на електрична енергија во Сименс – Грција, доставувач на опремата за ветерниот парк.

„Само што ја финализиравме првата фаза од ветерниот парк „Богданци“ во Македонија. Проектот го реализиравме заедно со ЕЛЕМ во средината на кризата во Југоисточна Европа што сметам дека е особено важно. Верувам дека е пример што ќе го следат и земјите од регионот“, изјави Ќумурцидис на саемот „Пауер Џен Јуроп“ во Келн.

Тој очекува многу скоро да започне и втората фаза од проектот ветерен парк „Богданци“.

„Штом ЕЛЕМ е задоволен од сработеното очекуваме наскоро да почне и реализацијата на втората фаза од која исто така очекуваме добри резултати“, потенцира Ќумурцидис.

Изградбата на ветерниот парк „Богданци“ започна лани во мај, а во првата фаза се реализирани 16 ветерници со капацитет од 36,8 мегавати. Во втората фаза е предвидено да се доизградат уште шест ветерници со што моќноста ќе достигне до 50 мегавати.

Во поблискиот регион нема ветерен парк што го изградила државна компанија иако има многу проекти за тоа. Единствено во Хрватска има неколку помали ветерни електрани реализирани од приватни субјекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП