6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Волво и натаму расте

Продажбата на Волво и натаму расте

prod volvo

Продажбата на шведските автомобили од марката „Волво“ бележи раст веќе 11-ти месеци, додека во мај тој изнесуваше 13,4 oтсто.

За пет месеци во оваа година „Волво“ продаде 185.881 возила, што е раст од 10,5 проценти.

Без оглед на значајниот напредок, продажбата на шведски автомобили е за четири пати помала од продажбата на „Ауди“, односно пет пати помала од продажбата на возилата на „БМВ“.

Најголем раст во продажбата шведската компанија во мај забележа во Кина и тоа од 61 отсто, а во првите пет месеци од оваа година од 35 проценти, односно продадени 30.900 примероци.

Продажбата на автомобили на „Волво“ во Западна Европа во мај изнесува 15 проценти повеќе, а во првите пет месеци е забележано зголемувње од 9,6 oтсто.

Најпродаван модел на шведската компанија во Европа е „V40“, a на второ место е кросоверот „XC60“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП